Select Page

На 10.10.2023 год., Авицена дијагностика организираше стручен состанок на тема: „ Соврeмени молекуларни методи за детекција на патогени во вода и храна”, кој се одржа во х.Александар Палас, во Скопје.

На состанокот се промовираа современи решенија, инструменти и тестови за анализа на вода и храна, а свое предавање имаа и претставници од ЈП „ Водовод и канализацијај”, кои дадоа осврт на нивното досегашно позитивно искуство од употребата на инструментот RidaCycler во секојднавната пракса.