Select Page

Во периодот од 1-4 Ноември 2023г., во Конгресниот центар во склоп на х. Александар Палас се одржа 6-тиот Конгрес на Македонското здружение за трансфузиона медицина со меѓународно учество.

Авицена дијагностика како сребрен покровител активно учествуваше на овој настан. Конгресот понуди одлична едукативна и научна програма, а беа претставени многу актуелности и новини од областа на лабораториската дијагностика, вклучувајќи ги и најновите трендови во дијагностиката на нарушувања на хемостазата, крводарителство, имунохематологија и други дисциплини поврзани со трансфузионата медицина.