Select Page

Хуманиот папиломавирус (ХПВ) е познат како водечка причина за рак на грлото на матката, а генотиповите на ХПВ се класифицирани како високоризични или нискоризични во зависност од поврзаноста со ракот на грлото на матката.
Според бројни студии, високоризичната ХПВ инфекција може да предизвика рак на грлото на матката, а познато е дека нискоризичната ХПВ инфекција предизвикува сексуално преносливи инфекции (кондиломи). Затоа, идентификувањето на генотиповите на ХПВ може да биде корисно за сеопфатна дијагноза и прогноза на пациентите.

Allplex™ HPV28 Detection е мултиплекс PCR анализа во реално време ( Real-time multiplex PCR) која овозможува истовременa амплификација, детекција и поединечна генотипизација на 28 типови ХПВ, и тоа 19 високоризични типови на ХПВ (16, 18, 26, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 53, 56, 58, 59, 66, 68, 69, 73, 82) и 9 типови на ХПВ со низок ризик (6, 11, 40, 42, 43, 44, 54, 61, 70)


Главни карактеристики на Allplex™ HPV28, Seegene Inc.

Поединечна генотипизација на 28 типови ХПВ

Откривање и идентификување на 28 индивидуални ХПВ типови истовремено со еден тест
Мониторинг на клиренс или перзистенција на одредени генотипови на ХПВ

Индивидуални Ct вредности

Патентираната технологија на компанијата Seegene обезбедува Ct вредности како показател на вирусното оптоварување ( Viral load), што овозможува персонализирана грижа за пациентите, со попрецизна дијагноза.

Можност за комплетна автоматизација

Целиот процес може да биде изведен комплетно автоматски- од екстракција на нуклеинските киселини до издавањето на крајниот резултат, со можност за резултат за 1.5 час.

Валидирен и одобрен тест за скриннг на цервикален карцином, по меѓународни стандарди

Повеќе информации за ХПВ тестовите на Seegene прочитајте тука.https://www.seegene.com/assays/hpv