Select Page

Долготрајната инфекција со високоризичен ХПВ може предизвика клеточни абнормалности кои на крајот може да резултираат со рак на грлото на матката. Затоа, тестирањето за присуство на ХПВ е важен начин за превенција на рак на грлото на матката.

Evalyn® brush e стерилно медицинско средство што овозможува земaњe примерок за ХПВ тест во домашни услови. Користејќи ја Evalyn®Brush, може едноставно и безболно да се земе вагинален клеточен материјал што понатаму се анализира во дијагностичка лабораторија.

Резултатите од опсежните студии покажуваат дека Evalyn®Brush може да игра важна улога во реализација на успешен скрининг за цервикален карцоном, со вклучување на оние жени кои не одговараат на поканите за ПАП тест.

Evalyn® brush е избран како најдобро медицинско средство за самостојно земање примероци од холандските и данските национални програми за скрининг на цервикален карцином.

Evalyn®Brush е четка за самостојно земање примерок, долга околу 18 cm и се состои од проѕирен цилиндар со крилца и капаче. Во внатрешноста на проѕирниот цилиндар има розов клип што завршува со бела четка за земање примерок. Крајот на кој се наоѓа четката може да се отвори и да се затвори со розово капаче.

Зошто скрининг за цервикален карцином со Evalyn® brush?

  • Едноставен, безбеден и лесен начин за самостојно земање примерок
  • Специјално дизајнирна за да обезбеди правилно и ефективно земање клеточен примерок
  • Без течности и медиуми за транспорт
  • Валидиран метод со PCR тест за молекуларен скрининг и генотипизација на HPV, прочитајте повеќе за ХПВ тестот.
  • Валидиран метод во многубројни студии и различни скрининг програми во неколку европски земји
  • Evalyn® brush се користи во над 53 земји ширум светот

Evalyn® brush – доверливо, сигурно, докажано.

Постојат неколку студии кои покажуваат дека тестот направен со самостојно земање примерок со Evalyn® Brush е споредлив со ХПВ тестирањето на примерок земен од страна на лекар, со висока усогласеност до 97%, што ја прави Evalyn® brush идеална за примарен скрининг метод.