Select Page

Македонското здружение на лабораториска медицина и наука, МЗЛМН Скопје, го одбележа светскиот
ден на здравјето со стручен состанок. Авицена дијагностика беше дел од овој состанок, со презентација на темата “Програми за надворешна и внатрешна контрола на квалитет” потенцирајќи го квалитетот и употребата на контролните примероци од BIORAD во биохемиските лаборатории и нивното значење за добивање докази за точни и прецизни резултати. Освен тоа, беше презентиран и современиот автоматизиран систем за седиментација на еритроцити iSED на производителот Alcor Scientific.
Претседателката Наташа Чокревска Зографска, во име на МЗЛМН, на Авицена ДОО, како препознатлив бренд во здравствениот сектор, додели Благодарница за помошта во афирмацијата на здружението и за поддршката за целокупниот развој во лабораториската дејност.