Close
Пребарување
Filters

За нас

Авицена

За нас

Уште од самото основање во 1991 год., Авицена дијагностика ја насочува својата дејност кон промоција и продажба на висококвалитетни дијагностички тестови, реагенси, опрема и лабораториски потрошен материјал од областа на микробиологијата, трансфузиологијата, молекуларната дијагностика, имунологијата, клиничката хемија и сите други области на клиничката лабораториска медицина. Својата успешна работа Авицена ја темели на својот менаџерски тим и сите свои вработени. Сите вработени се квалификувани и обучени за проблематиката и програмата која ја работат, во матичните куќи на странските партнери со кои соработуваме. Долгогодишното искуство и постојаниот раст на полето на ин витро дијагностиката, овозможи имплементација на нови и современи дијагностички тестови по светски стандарди во многу лаборатории и здравствени институции во државава, секогаш држејќи чекор со новите достигнувања во медицината, а во линија со барањата и потребите на нашите клиенти.Со цел да се задоволат барањата на долгогодишниот континуиран раст на самата компанија, на почетокот на 2011 год. се одлучивме за изградба на нов објект, кој ќе ги задоволи сите потреби за поуспешно работење не само на нашите вработени, туку и на барањата и потребите на нашите соработници и клиенти. Меѓудругото, објектот е изграден по сите светски стандарди за заштита на животната средина, како и заштеда на енергијата. Ентузијазмот, вербата во успехот и фокусирањето кон иднината беа постојано со нас последниве години. Како и досега, ќе се стремиме кон уште подобра динамика на развој со постојана потрага по нови производи, IVD технологии и подрачја за работа.

ВРАБОТЕНИ И КОНТАКТИ

Политика за квалитет

Основата врз која АВИЦЕНА ДОО Скопје го гради својот деловен успех и понатамошен развој е во квалитетна реализација на дејностите од доменот на маркетинг, дистрибуција, продажба и сервис на ин витро дијагностички тестови, реагенси, опрема и потрошен лабораториски материјал. Раководството и вработените целите на сопственото делување ги засноваат на следните принципи:

  • Сатисфакција на високите барања на корисниците и исполнувања на барањата на пазарот.
  • Непрекинато подобрување на ефективноста на системот за управување со квалитет.
  • Опстојување во намерата за обезбедување на реномирано место и присуство меѓу водечките компании на регионалниот пазар.
  • Постојано присуство кај корисниците со презентирање на нови методи и техники на примена на производите од доменот на нашето делување.
  • Создавање и одржување на синергетски односи на партнерство со добавувачите.
  • Континуирано подобрување на квалитетот на услугите и производите со почитување на законската и нормативна регулатива.
  • Подршка и стимулација на креативноста на вработените, нивна иницијативност и одговорност кон квалитетот Вработените во АВИЦЕНА ДОО Скопје преку својата врвна професионалност во извршувањето на работните активности придонесуваат за реализација на наведените цели.

Визија

Визијата на АВИЦЕНА ДОО Скопје e да стане водечка регионална организација од oбласта на маркетинг, дистрибуција, продажба и сервис на ин витро дијагностички тестови, реагенси, опрема и потрошен лабораториски материјал и препознатлив бренд во здравствениот сектор во Р.Македонија.

Мисија

Мисијата на АВИЦЕНА ДОО Скопје e да се потврди како одговорна компанија со соодветна интеракција со корисниците во комбинација со најновите сознанија од областа на маркетинг, дистрибуција, продажба и сервис на ин витро дијагностички тестови, реагенси, опрема и потрошен лабораториски материјал. Да обезбеди високо ниво на професионализам, имплементација на нови иновативни ин витро дијагностички методи и маркетинг решенија, синергетски однос со добавувачите и континуирана едукација на вработените како најважни услови за задоволство на крајните корисниците и подобрување во целокупното бизнис дејствување.Во АВИЦЕНА ДОО Скопје преку воведениот системот за управување со квалитет во склад со барањата на стандардот ISO 9001:2008, се овозможува реализација на дејностите со максимално исполнување на превземените активности кон корисниците, секогаш и на секое место.