Close
Пребарување
Filters

Автоматизирани глукометри и хемоглобинометри

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

HemoCue системи за хемоглобин

HemoCue системот за хемоглобин нуди комплетно решение за брзо и прецизно мерење на концентрацијата на хемоглобин, со точност и прецизност на хематолошки анализатор. Наменет е за одредување на Hb и скрининг за анемии во примарната здраствена заштита, болници, банки на крв. Како посебен систем се издвојува HemoCue Plasma/ Low Hb инструментот, кој овозможува точна и прецизна проценка на степенот на хемолиза, на самото место, како индкатор на квалитетот и интегритетот на крвните продукти.

Прочитај повеќе

HemoCue систем за гликоза

HemoCue системите за гликоза се рачни спектрофотометри за одредување на вкупна количина на гликоза во полна крв. Дизајнирани се за професионална употреба и сертифицирани за: скрининг, дијагноза и мониторинг кај дијабет, инсулинска терапија, гестациски дијабет, мониторинг на гликемија при дијализа, хипогликемија кај новородени, хипо- и хипергликемија во итни медицински состојби и многу други состојби. Големата точност на овој систем овозможува негова употреба и за валидација - како референца за други методи.

Прочитај повеќе

HemoCue систем за микроалбумин

HemoCue системот за микроалбумин обезбедува квантитативно одредување на албумин во урината. Системот може да с екористи за скрининг, мониторинг и поддршка на дијагнозата и третманот на микроалбуминурија. Резултатите се добиваат само за 90 секунди.

Прочитај повеќе

HemoCue систем за диференцијална крвна слика

HemoCue системот за диференцијална крвна слика е единствениот point-of-care инструмент за квантитативно одредување на вкупен број на леукоцити, со петделна диференцијална слика (неутрофили, лифоцити, базофили, моноцити, еозинофили)

Прочитај повеќе

HemoCue Hb1C систем за гликолизиран хемоглобин

HemoCue Hb1C 501- целосно автоматизиран систем за одредување на Hb1C во полна крв. Фабрички калибриран со вградени интерни контроли на квалитет. Резултатите се добиваат за само 5 минути.

Прочитај повеќе