Close
Пребарување
Filters
RSS

Новости и настани

21. Меѓународен Конгрес за клиничка хемија и лабораториска медицина
21. Меѓународен Конгрес за клиничка хемија и лабораториска медицина

Париз

Во периодот од 21-25.06.2015 год., во Париз се одржа 21. Меѓународен Конгрес за клиничка хемија и лабораториска медицина. Самото мото на конференцијата „ Р-Еволуција во лабораториската медицина" беше уште еден начин да се прикаже клучната улога на лабораториската медицина во секојдневниот третман на пациентите...


Годишен стручен состанок на здружението на педијатри на РМ
Годишен стручен состанок на здружението на педијатри на РМ

хотел Арка

На ден 27.04.2015 год., во хотел Арка , Скопје, се одржа Годишен стручен состанок на Здружението на педијатри на Р.Македонија. Тема на состанокот беше Астмата во детската возраст, новите трендови за нејзино рано дијагностицирање и третман во детската возраст, како и најновите методи за ин витро алерголошки тестови... 

Редовен стручен состанок на Здружението на микробиолози на Македонија (ЗММ)
Редовен стручен состанок на Здружението на микробиолози на Македонија (ЗММ)

Клуб на пратеници, Скопје

На 22.12.2014 година, во просториите на Клуб на Органите на Управата ( Клуб на пратеници) во Скопје, се одржа редовен стручен состанок на Здружението на микробиолози на Македонија (ЗММ). Состанокот беше акредитиран ...

Работна посета на компанијата Vircell, Шпанија
Работна посета на компанијата Vircell, Шпанија

Гранада, Шпанија

Во периодот од 27.09-02.10.2014 год., дел од тимот на Авицена, заедно со група на лекари специјалисти, беа во посета на компанијата Vircell во Шпанија- реномиран производител на тестови и опрема за микробиолошка дијагностика, со кој Авицена успешно соработува повеќе од 15 години...

5-ти Меѓународен научен собир „ Денови на ветеринарна медицина 2014"
5-ти Меѓународен научен собир „ Денови на ветеринарна медицина 2014"

Хотел Метропол, Охрид

Во организација на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот Св. "Кирил и Методиј" Скопје, во периодот од 05 – 07.09.2014 во хотел Метропол, Охрид се одржа 5-тиот Меѓународен научен собир „ Денови на ветеринарна медицина 2014".
Богатата програма на овој научен собир нудеше единствена можност за пленарни предавања, научни презентации и дискусии во врска со следните теми: безбедноста на храната, јавното здравство, здравствената заштита, репродукцијата и благосостојбата на животните.

V-ти Конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество
V-ти Конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество

хотел Метропол, Охрид

Во периодот од 28 – 31.05.2014 година во Охрид се одржа V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија, каде Авицена зеде активно учество, а воедно беше и еден од спонзорите на настанот.

На Конгресот беа застапени одбрани пленарни предавања, симпозиуми, тркалезни маси, усни и постер презентации од широкото поле на микробиологијата.

Присуствуваа микробиолози од сите области и доктори кои се вклучени во дијагностика, терапија и превенција на инфекции и инфективни болести...

АВИЦЕНА ДИЈАГНОСТИКА - СЕРТИФИЦИРАН SIEMENS SERVICE PROVIDER
АВИЦЕНА ДИЈАГНОСТИКА - СЕРТИФИЦИРАН SIEMENS SERVICE PROVIDER

Со задоволство Ве информираме дека на ден 23.05.2013 год., по долготраен процес на усогласување со стандардите на SIEMENS, по извршената контрола и проценка од стручни лица од централното седиште на Siemens Healthcare Diagnostics, Авицена дијагностика доби потврда – СЕРТИФИКАТ ЗА ОФИЦИЈАЛЕН SIEMENS SERVICE PROVIDER.

Авицена спонзор на V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија
Авицена спонзор на V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија

Почитувани,

Во името на Здружението на микробиолозите на Македонија (ЗММ) и Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет, УКИМ, Скопје, а воедно и како спонзори на овој голем настан, ни претставува особено задоволство и чест да Ве поканиме на V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество, што ќе се одржи во Охрид од 28-31 Мај 2014 година...

Работилница на тема „Респираторни инфекции-причинители и современа дијагностика"
Работилница на тема „Респираторни инфекции-причинители и современа дијагностика"

Сандански, Бугарија

Во периодот од 05-07.04.2013 год., Авицена беше организатор на работилница, која ги опфати сите аспекти на респираторните инфекции- причинители, клинички аспекти на заболувањата, современи тестови и методи за дијагноза и третман...

Состанок на тема „ Значење, улога и контрола на микотоксините"
Состанок на тема „ Значење, улога и контрола на микотоксините"

Хотел Карпош, Скопје

На ден 10.04.2013 год., Авицена организираше состанок на тема:

„ Значење, улога и контрола на микотоксините-новитети, актуелности, согласност со ЕУ регулативи"...