Close
Пребарување
Filters

Хигиена на производствен процес

Според Европската регулативата EC 2073/2005, земањето мостри од производствената средина и нивната анализа може да биде важна алатка во идентификација и превенција од присуството на патогени микроорганизми во храната. Овие анализи се неизбежен дел од процедурите на HACCP системот, чија имплементација во Р.Македонија е со закон задолжителна од 01.01.2009 год. Условите во кои храната се произведува, подготвува, пакува, складира се критичен фактор за нејзината безбедност. Доколку во некоја од овие фази храната се изложи на потенцијално штетен биолошки, хемиски или физички агенс, постои можност за нејзина контаминација што може да доведе до негативни ефекти врз здравјето на луѓето.

Види како Табела Листа
Подреди по
Приказ по страна

RIDA®CHECK - Брзи тестови за одредување на хигиена на работни површини

RIDA®CHECK е брз тест во форма на брис кој служи за одредување на ефикасноста на процедурите за чистење на работните површини во производство и процесната опрема. Намената на тестот е да се користи како поддршка во мониторинг на хигиената.

Прочитај повеќе

ATP/AMP детекција-AccuPoint® Advanced ATP Test System

AccuPoint® Advanced е најнова генерација на инструменти за мониторинг на хигиена. Воедно е и единствениот систем со RFID технологија (радиофреквентна технологија на идентификација) за мониторинг на хигиената, со кој се врши валидација на ефективноста на санитарната програма(HACCP) преку мерење на количината на аденозин трифосфат (ATP) на површини и течности. Економично, брзо и точно со AccuPoint® Advanced резултатите се добиваат за помалку од 10 секунди и се изразени во интернационални луминисцентни единици.

Прочитај повеќе

Compact Dry

Суви, хромогени плочи на производителот R-Biopharm за детерминација и кватификација на микроорганизми во храна, козметика, суровини како и фармацевтски суровини. Погодни за во процесот на контрола, како и за контрола на готови производи. Се користат за квантитативен мониторинг дури и на тешко достапни места.

Прочитај повеќе

RIDA®STAMP

RIDA®STAMP - нов, едноставен и ефикасен метод за контрола на хигиената. RIDA®STAMP контактните плочи се базираат на специјални петриеви плочи исполнети со специфични агри, со можност за користење на сите површини на местото на производство како и на цврста храна.

Прочитај повеќе

Contact plates

Контактните плочи (Contact plates) на OXOID- Тhermo Scientific се специјално наменети за микробиолошко тестирање на работните површини. Изработени се според единствена процедура која обезбедува рамномерна дистрибуција на аграрот на секоја плоча.

Прочитај повеќе

Isolator Wrap Sterile Contact Plates

Како посебна категорија се издвојуваат контактните плочи на Remel - Thermo Scientific: Sterile Pack Contact Plates и Isolator Wra Sterile Contact Plates кои при подготовката се подложени за гама зрачење валидирано во согласност со ISO стандардите, со цел да се постигне највисоко ниво на стерилнос. Тие го задоволуваат нивот на стерилност кое е потребно во фармацевтската индустрија и с енаменети за контрола на површините во изолатор.

Прочитај повеќе