Со оваа Политика на приватност Ви доставуваме информации за обработката на лични податоци која ја вршиме кога ја посетувате нашата интернет страна, односно информации за контролорот, офицерот за заштита на личните податоци, субјектите на лични податоци, лични податоци кои ги обработуваме, начин на собирање на личните податоци, цел на обработката, период на чување на личните податоци, корисници на личните податоци, како и Вашите права по однос на личните податоци.
1. Контролор
Контролор на личните податоци кои ги обработуваме преку веб страницата е Друштво за промет и услуги АВИЦЕНА ДОО експорт – импорт Скопје, со седиште на ул.„1551“ број 5Б, Визбегово – Скопје и ЕМБС: 4286774.
2. Офицер за заштита на лични податоци
Наш офицер за заштита на личните податоци е Симона Тасева, со e-mail адреса simona.taseva@avicena.com.mk која можете да ја контактирате доколку Ви е потребна информација за остварување/заштита на Вашите права од областа на личните податоци.
3. Субјекти на лични податоци, лични податоци, начин на кој ги собираме личните податоци и цел на обработката
Лични податоци кои доброволно ни ги доставувате:
Податоци кои ги доставувате на нашата е-маил адреса доколку сакате да аплицирате за вработување:
- име и презиме;
- датум на раѓање;
- пол, адреса;
- населено место;,
- контакт телефон;
- e-mail адресa;
- лични податоци кои ни ги доставувате во Вашето CV;
Податоци кои ги доставувате во полето Контакт, доколку сакате да ни се обратите:
- име и презиме;
- e-mail адреса;
- лични податоци содржани во Вашата порака.
Други податоци кои се собираат при Вашата посета на веб страницата
При Вашата посета на веб страницата може да се собираат и други податоци, како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, име на оперативниот систем,IP (интернет протокол) адреси и сл. Со собирањето на овие податоци не се врши Ваша идентификација. Воедно, може да собираме и одредени податоци со колачињата кои ги користиме, за што можете подетално да се информирате во Политиката за колачиња.
4. Корисници на лични податоци
Обработката на лични податоци се извршува од страна на вработени во АВИЦЕНА ДОО Скопје кои се соодветно обучени за заштита на лични податоци, при што Вашите лични податоци не ги доставуваме на користење на трети лица, освен доколку сме законски обврзни за истото по барање на надлежен орган.
5. Период на чување на личните податоци
Податоците кои ни ги доставувате при пополнување на апликација за вработување ги чуваме во рок од една година, освен ако со Вас не е заснован работен однос.
Податоците кои ни ги доставувате преку полето Контакт или преку нашата е-маил адреса ги чуваме во зависност со содржината на пораката, согласно законот и нашите интерни акти.
6. Ваши права во врска со обработка на лични податоци
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се следните:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци;
- право на пристап до личните податоци;
- право на исправка и бришење на личните податоци;
- право на ограничување на обработката на личните податоци;
- право на приговор;
- право на поднесување на барање до АЗЛП согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
7. Повлекување на согласност
Имате право во секој момент да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци кои ги обработувме по тој основ преку соодветно обраќање до нашиот офицер за заштита на личните податоци.
Повлекување на согласноста не влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.
8. Промена на Политиката за приватност
Политиката за приватност може да се измени/дополни кои ќе имаат важност од денот на нивно објавување.