Close
Пребарување
Filters

RIDA®CHECK - Брзи тестови за одредување на хигиена на работни површини

RIDA®CHECK е брз тест во форма на брис кој служи за одредување на ефикасноста на процедурите за чистење на работните површини во производство и процесната опрема. Намената на тестот е да се користи како поддршка во мониторинг на хигиената.

Прочитај повеќе

За време на производствениот процес постои можност протеинските резидуи (остатоци) од суровините и прехранбените производи да се задржат по површините.
Истите треба да бидат отстранети во текот на процесот на редовно чистење и одржување. Сепак постапките за чистење не се секогаш успешни и e можна појава на контаминација.
RIDA®CHECK методологијата се базира на детекција на протеинските резидуи и е независна од ATP. За време на тестот собраните протеински остатоци реагираат со молекулите на индикаторот. Оваа интеракција предизвикува промени во бојата на колориметриската супстанца, од жолта во зелена. Во зависност од интензитетот на промените на бојата (жолта → светло зелена → зелена → темно зелена) се одредува нивото на контаминација. Потоа, операторот одредува дали нивото на контаминација во тестираниот примерок е прифатливо и дали има потреба од спроведување на корективна акција.