Close
Пребарување
Filters

Xprecia Stride анализатор за PT/INR

Xprexia Stride анализаторот од производителот Simens Healthcare Diagnostics е нов, рачно пренослив, инструмент кој дава резултати за PT/INR од примерок на капиларна крв. Прецизен , брз, лесно-употреблив, рачно-пренослив инструмент, со зголемени карактеристики за безбедно работење, создадени за поголема заштита на операторот за време на тестирањето.

Прочитај повеќе

Клиничка употреба

XPrecia Stride коагулацискиот анализатор е наменет за употреба до непосредна близина на пациентот, за мониторинг на PT/INR од капиларна крв: 

● Брз резултат (помалку од минута) 
● Мала количина на примерок 6 µL 
● Вадење на стрипот со посебно копче за истиснување, со цел намалување на контакт со биохазарден материјал 
● Лесен екран на допир и јасно прикажани резултати за PT/INR units или PT секунди 
● Вграден баркод читач, за олеснето, брзо и објективно внесување на податоците 
● Бидирекционален трансфер на паодатоци со USB врска. 

Тест технологија

XPrecia Stride коагулацискиот анализатор користи електрохемиска технологија, и тест стрипови со реагенс за мерење на протромбинското време, за еднократна употреба. Комората за примерок во самиот инструмент се полни со капиларна крв по пат на капиларна активност. 
Самиот стрип содржи суви реагенси, кои содржат тромбопластин, електроактивен тромбин супстрат и други реагенси. Електроактивната група, ослободена од тромбинскиот супстрат, е детектирана електрохемиски на електродите во стрипот - произведената струја се анализира по одреден алгоритам со цел да се пресмета времето на коагулација. При апликацијата на примерокот, секој тест стрип се анализира со две контроли (на самиот стрип) - едната за присуство на соодветен примерок и реагенс на стрипот, како и проверка за евентуална деградација на стрипот од надворешни влијанија. Ако некоја од контролите потфрли и не функционира добро, инструментот ќе покаже знак за грешка и ќе го откаже тестот. 
LQC (Liquid Quality Control) им овозможува на корисниците дополнителна проверка на тестирањето, согласно локалните, државните или правните регулативи и водичи. 
Веќе 30 години, Siemens Healthcare Diagnostics е лидер во лабораториската анализа на хемостазата и сега е во можност да понуди Point-of-care решение за тестирање на коагулација.