Select Page

Оглас: СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ВО Молекуларна биологија

Можност за работа во нашиот оддел за Молекуларна биологија

Станете дел од тимот на Авицена Дијагностика

Опис на работната позиција

Локација Скопје

 

Услови што се бараат за вршење на работата:

  • ВСС (Молекуларна биологија, Биохемија, Медицина, Фармација, Стоматологија ќе се смета како предност)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со комјутери-MS Office
  • Возачка дозвола од Б категорија-активен возач

 

Краток опис на работните обврски:

  • Промоција и продажба на опрема, тестови, реагенси и потрошен материјал од област на молекуларна дијагностика
  • Апликативна поддршка во работата на клиентите
  • Подготовка на документација за учество на тендери и следење на реализацијата на склучените договори за јавни набавки
  • Развивање продажни стратегии, цели и планови
  • Анализа на податоците за продажба и изготвување извештаи.
  • Изготвување на нарачки и планови за продажба кон добавувачи

 

Потребни вештини

  • Одлични комуникациски, аналитички и организациски способности
  • Професионален и љубезен однос кон клиентите
  • Способност за индивидуална и тимска работa
  • Самоиницијативност, динамичност, исполнителност и желба за напредување

 

Работно време- од понедленик до петок од 08:00- 16:00 часот. Работната недела трае 5 (пет) работни дена.

 

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicena.com.mk со назнака “За оглас за стручен соработник” или на ул. ,,1551” бр. 5Б, Индустриска зона Визбегово, Скопје, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавување на овој оглас, односно најдоцна до 10.03.2026 година.

Станете дел од нашиот тим

Станете дел од тим кој веќе повеќе од 35 години гради доверба, квалитет и професионалност во лабораториската дијагностика. Како Стручен соработник во одделот за Имунологија, ќе имате можност да работите во современа лабораториска средина, со напредна опрема и методи, заедно со искусен и поддржувачки тим кој постојано вложува во знаење и развој. Кај нас, вашата стручност и посветеност имаат вистинска вредност, а секој резултат значи придонес кон подобро здравје и грижа за пациентите. Доколку сакате стабилна кариера, професионален раст и работа со значење – ве покануваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.