Кариера
Нашата работна култура е насочена кон поддршка и развој на секој еден член на нашиот тим.
Нудиме стимулативна работна средина и можност за професионален и личен развој, бидејќи сме сигурни дека само задоволниот и инспириран вработен може да создаде извонредни резултати.
Дејствуваме за да придонесеме за иднината, позитивно да влијаеме на идните генерации и да создадеме лидери во нашата дејност.
Иновативни решенија
Јасни цели
Силни деловни соработки
Кариерен развој
Тимска работа
Стимулативна средина
Придружете се на нашиот тим
Доколку сте во потрага по стимулативна работна средина во областа на лабораториската IVD дијагностика, ви нудиме можност да се придружите на нашиот тим. Вработувањето во Авицена Дијагностика претставува шанса за развој на вашата кариера и придонес за подобрување на здравствената заштита во нашата земја.
Придружете ни се, заедно да создадеме подобра и посветена заедница во областа на лабораториската дијагностика.
Доколку за вашата посакувана работна позиција немаме моментално активен оглас, ве охрабруваме да ни испратите CV на kariera@avicena.com.mk. На овој начин ќе влезете во базата на идни вработувања.