Select Page

На ден 10.04.2013 год., Авицена организираше состанок на тема:

„ Значење, улога и контрола на микотоксините-новитети, актуелности, согласност со ЕУ регулативи”.   

На овој состанок беа присутни околку 80 учесници, од редовите на производители на храна, како: производители на млеко и млечни производи, производители на сточна храна, производители на вино и др.   

Учество земаа и преставници од хемиските лаборатории од Центрите за јавно здравје од целата република, Агенција за храна и Ветеринарен Факултет од Скопје.  

Поканет предавач беше Dr.Christine Gutschelhifer од производителот на сертифицирани и валидирани тестови за микотоксини – R-biopharm Германија, како стручно лице кое повеќе од 10 години работи на проблематиката со микотоксини.