Select Page

Во периодот од 28 – 31.05.2014 година во Охрид се одржа V-от Конгрес на микробиолозите на Македонија, каде Авицена зеде активно учество, а воедно беше и еден од спонзорите на настанот.


На Конгресот беа застапени одбрани пленарни предавања, симпозиуми, тркалезни маси, усни и постер презентации од широкото поле на микробиологијата.

Присуствуваа микробиолози од сите области и доктори кои се вклучени во дијагностика, терапија и превенција на инфекции и инфективни болести.

Учество земаа и експерти од САД, Франција, Данска, Португалија, Русија, Словенија, Белгија, Холандија, Бугарија, Србија, што се покажа како одлична можност за размена на искуства и презентација на најновите откритија на микробиологијата/МИА.

Посебно внимание на Конгресот побуди предавањето на стручниот тим на Авицена дијагностика во соработка со поканетиот гостин Frédéric Martinez- Business development Manager at Neogen Corporation, USA. Одржаното предавање беше на тема:

Микробиологија со брзина на светлината “
.

Главен акцент во предавањето беше даден на:

SOLERIS и ANSR – како најнови и најсовремени системи за едноставна, брза и прецизна детекција на микробиолошка контаминација на храна и вода.

AccuPoint 2 – Единствен систем со радиофрекфрентна технологија за мониторинг на хигиена со кој се врши валидација на ефективноста на санитарната програма ( HACCP ) преку мерење на количината на аденозин трифосфат ( ATP ) на површини и течности.

Како и секогаш, дружењето и забавата беа неизоставен дел и од овој настан.