Select Page

На 16.09.2015 год. (среда) во сала Билјана, хотел Метропол со почеток од 17.30 часот, во заедничка организација на Авицена дијагностика и ПЗУ Дарон се одржа стручен состанок на тема „Неинвазивен пренатален скрининг со PRISCA софтвер“.

На состанокот присуствуваа лекари гинеколози и матични лекари од регионот и беше одлична можност за запознавање со карактеристиките на самиот софтвер, биохемиските параметри кои се користат во различна гестациска недела, важноста на ултразвучните мерки како и заболувањата (хромозомопатии) за кои се користи овој скрининг.