Select Page

Во периодот од 8ми до 11ти октомври 2015 година во хотел „Изгрев“ во Струга, се одржa шесттиот Конгрес на педијатрите на Р. Македонија со интернационално учество.

Научниот собир кој го организираше Здружението на педијатри на Р. Македонија имаше за цел да даде акцент на различни теми кои се важни за педијатрите и за сите што работат со детската популација. 

Научнaта програма вклучуваше компилација од предавања, симпозиуми, округли маси, дизајнирани да побудат интерес како кај педијатрите, така и кај општите лекари со цел да се обезбеди квалитетна здравствена заштита на децата.

И на овој Конгрес Авицена беше присутна со свој изложбен штанд каде беа презентирани најновите дијагностички тестови и методи насочени за превенција и навремено дијагностицирање на различни заболувања кај децата.