Select Page

Во организација на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” Скопје, во периодот од 22 – 24.09.2016 во хотел Дрим, Струга се одржа 7-миот Меѓународен научен собир „ Денови на ветеринарна медицина 2016″.

Богатата програма на овој научен собир нудеше единствена можност за пленарни предавања, научни презентации и дискусии во врска со следните теми: безбедноста на храната, јавното здравство, здравствената заштита, репродукцијата и благосостојбата на животните.

Стручниот тим на Авицена дијагностикa учествуваше со свој изложбен штанд на кој беа промовирани висококвалитетните дијагностички тестови, реагенси и инструменти од областа на микробиологијата кои ги нуди Авицена  дијагностика – екслузивен застапник на водечки производители од оваа област: Siemens Healthcare Diagnostics, R-Biopharm, Oxoid, Microbiologics, Тhermo Fisher Scientific и др.