Select Page

Ве информираме дека на 25.09.2018 година во организација на Авицена ДОО, Здружение на приватни лекари на РМ и ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Куманово беше одржан стручен состанок на тема „Атипични респираторни инфекции – наши искуства“. 

Овој состанок беше акредитиран од Лекарската Комора како стручен состанок и ги опфати сите аспекти на респираторните инфекции – причинители, клинички аспекти на заболувањата, современи тестови и методи за дијагноза. 

На овој состанок кој се одржа во Ресторан Манастир во рамките на Манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка присуствуваа над 30 доктори. 

Посебен акцент беше даден на тестот Pneumoslide од производителот Vircell од Шпанија, за дијагноза на атипични респираторни инфекции. 

Богатата програма, размената на искуства и активните дискусии овозможија збогатување и проширување на знаењата, кој ќе бидат од корист во секојдневната лабораториска пракса.