Select Page

PNEUMOSLIDE® претставува тест преку крв за истовремено откривање на 9 видови бактерии и вируси, причинители на инфекции на дишните патишта , кои не се откриваат со класични методи. Тестот се базира на принцип на индиректна имунофлуоресценција, за детекција на IgM и IgG кон следните предизвикувачи на инфекции:

1.Mycoplasma pneumoniae

2.Legionella pneumophila

3.Chlamydia Pneumoniae

4.Coxiella burnetii

5.Adenovirus

6.Респираторен синцицијален вирус                                    

7.Influenza A вирус

8.Influenza B вирус

9.Parainfluenza (серотипови 1,2,3)

Зошто PNEUMOSLIDE®?

Респираторните инфекции се едни од најчестите заболувања. Во голем број случаи, причинителот на респираторната инфекција е непознат.

Како и за секоја друга состојба, при респираторните инфекции, идентификацијата на причинителот е клучна за соодветен третман на болниот!

Тестот Pneumoslide се овозможува:

1.       Точно и брзо откривање на причинителот на респираторната инфекција

2.       Можност за етиолошка терапија

3.       Се скратува времетраењето на болеста

4.       Без ризик од резистенција кон дадените лекови

5.       Штеди време и средства

6.       Спречува развој на компликации

7.       Идентификација на 9 респираторни атипични патогени одеднаш

8.       Со само еден тест, резултати истиот ден

COVID-19 и PNEUMOSLIDE

Иако во време на пандемија со КОВИД-19 секоја респираторна инфекција е сомнителна за КОВИД-19, постојат голем број микроорганизми – бактерии и вируси што може да бидат причинители на благи или сериозни респираторни инфекции.

Освен тоа, кај пациенти со КОВИД-19, многу често може да настане дополнителна инфекција со некој микроорганизам и тој да биде причинител за долготрајна кашлица, губење здив и други респираторни симптоми и влошување на состојбата.

Доколку навреме се открие причинителот на болеста, ќе може и навреме да се даде соодветна терапија, а со тоа ќе се скрати времетраењето на болеста и пациентот ќе добие соодветен третман.

Прочитајте повеќе детали од самиот производител на следниот линк:https://en.vircell.com/products/pneumoslide/