На ден 25.10.2024 год., се одржа стручниот состанок во организација на Македонското здружение за имуногенетика, на тема: „СЛОБОДНА ЦИРКУЛИРАЧКА ДНК ОД ДАРИТЕЛ, КАКО ДИЈАГНОСТИЧКА АЛАТКА ВО ТРАНСПЛАНТАЦИЈА”.
На состанокот беа презентирани искуства и новитети во следење на пациентите со трансплантација, од ЈЗУ УК за Клиника за кардиохирургија, ЈЗУ УК за гастроентерохепатологиjа и ЈЗУ Институт за имунобиологија и хумана генетика.
Како застапник на компанијата Care Dx од Шведска, Авицена имаше свое предавање, на тема „Придобивките од употребата на AlloSeq cfDNA во мониторингот по трансплантација и поврзани упатства на dd-cfDNA како биомаркер во SOT надзорот“
Презентацијата ги прикажа клиничките придобивки од AlloSeq cfDNA, покажувајќи како може да ги подобри исходите на пациентот со обезбедување информации во реално време за состојбата на трансплантираниот орган. Со откривање на промени во нивоата на dd-cfDNA, лекарите можат да идентификуваат субклиничко отфрлање, овозможувајќи навремена интервенција, со цел подобрување на грижата за пациентот, спечување на неповратно оштетување на органот и намалување на зависноста од инвазивни процедури, како што се биопсиите, кои носат ризици и непријатност.



