Неопходен за секоја имунолошка лабораторија, BN ProSpec е комплетно автоматизиран анализатор, кој ја користи веќе докажаната технологија на нефелометрија, за анализа на широка палета на протеини. Како примерок може да се користи серум, плазма, урина, цереброспинална течност, и тоа различни видови примероци истовремено.
Менито на тестови нуди широк спектар на рутински и специфични плазма протеини, неопходни за за рана дијагноза и следење на пациенти со бубрежни заболувања, анемии и метаболизам на железо, моноклонални гамопатии и други клинички важни состојби.
BN ProSpec Sysтem е уникатен по многу нешта. Дел од иновативните тестови кои може да се работат ги вклучуваат и CardioPhase hsCRP, слободни лесни имуноглобулински ланци ( капа и ламбда) за рана детекција на бета клеточни малигнитети, CDT ( Carbohydrate- Defficient Transferrin) и тоа со прецизност на HPLC, Cysttin C како нов маркер за рана детекција на промена во бубрежната функција.
Корисни линкови:
* Погледнете го менито на тестови на инструментот BN ProSpec System.