Select Page

Авицена дијагностика беше дел од VII Конгрес на Здружението на микробиолозите на Македонија , кој се одржа во периодот од 20-22 Септември 2024 год., во х.Дрим, Струга.

На конгресот учествуваа меѓународни и национални експерти, со цел споделување на знаења и искуства за улогата на микробиомот, традиционалната и современа дијагностика на „старите“ и „нови“ патогени, превенцијата и терапијата на инфективните заболувања вклучително и проблемот со антимикробната резистенција.

Авицена дијагностика имаше активно учество на овој Конгрес со свој изложбен штанд на кој посетителите можеа да се информираат со сите инструменти, тестови и методи за микробиолошка дијагностика, а беше одржан и симпозиум на тема „ VirClia – редефинирање на серолошката дијагноза” , на кој се истакнаа можностите, карактеристиките и портфолиото на VirClia тестови на производителот Vircell од Шпанија.