Select Page

Магационер (една позиција)

Опис на работната позиција

Локација: Скопје

Магационерот е одговорен за уредно чување и складирање на примена роба, навремена и квалитетна испорака на роба и како и обезбедување логистичка поддршка на сите процеси кај работодавачот.

Потребни квалификации

  • Завршено минимум средно образование
  • Работно искуство како магационер ќе се смета за предност
  • Познавање работа со компјутери-MS office
  • Возачка дозвола – Б категорија

Работни одговорности

  • Врши прием на роба во магацин, утовар/истовар како и складирање на истата согласно температурна регулација;
    • Проверува исправност на пристигната роба;
    • Ја подредува робата по артикли;
    • Се грижи за целокупната уредност на магацинот;
    • Пакува и утовара роба за транспорт и испраќа пратки преку надворешен соработник за траснспорт;
    • Врши испорака на роба до коминтенти и одговорен е за навремена и квалитетна испорака;
    • Се грижи за одржување на возниот парк, води соодветна евиденција и по потреба изготвува периодични извештаи и прегледи за состојбата на возилата.
    • Извршува курирски обврски и врши достава на документација;

Потребни вештини и способности

  • Добри комуникациски и организациски способности
  • Уредност во работа со целокупната документација
  • Прецизност и лична одговорност во работењето
  • Координација и фокус на детали
  • Следење на иструкции и процедури за работа
  • Самоиницијативност и динамичност

Работно време- од понедленик до петок од 08:00- 16:00 часот. Работната недела трае 5 (пет) работни дена.

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: kariera@avicena.com.mk со назнака “За оглас за магационер” или на ул. ,,1551” бр. 5Б, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Стани дел од нашиот тим!