Select Page

BIONOVA® IC10/20FR АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА БИОЛОШКИ ИНДИКАТОРИ

Автоматски систем за инкубација и читање на супербрзи (BT222, BT223) и брзи (BT220, BT221) биолошки инкубатори, за пареа и етилен оксид (BT110), процеси на стерилизација и системи за мониторинг на хигиена (PRO1).

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Опис

Лесен за употреба

Овозможува брза и прецизна, сигурна и лесна детекција на позитивни и негативни биолошки индикатори, со многу кратко време до крајни резултати.
Супер брзи биолошки индикатори: 30 мин. (BT223) и 1 ч. (BT222).
Брзи биолошки индикатори: 1 ч. (BT221), 3 ч. (BT220) и 4 ч. (BT110).
Произведено според EN ISO 11.138-1, 2, 3 меѓународни стандарди, елаборирани според системи за управување со квалитет ISO 13485 и ISO 9001.

Автоматска детекција

Bionova® автоматскиот систем со помош на сензори препознава кога биолошкиот индикатор е наместен во соодветната позиција за читање и автоматски започнува со читањето. Во случај на изместување на биолошкиот индикатор од предвидената позиција, се активира аларм кој сигнализира 10 секунди со цел враќање на индикаторот во соодветната позиција. Во спротивно, читачот автоматски прекинува со читање и печати известување за прекин на постапката.

Оптимизација на инкубационо време

Можност за истовремено функционирање на две инкубациони програми паралелно, за истовремена инкубација на биолошки индикатори со различно време до крајни резултати.

Автоматско читање на резултати

Автоматско читање на резултати со светлосна сигнализација за секој индикатор индивидуално. Црвено за позитивни и зелено за негативни резултати.

Систем за регистрација на резултати

Можност за печатење на извештај кој ги содржи моменталната позиција на читање, употребената програма за инкубација, преостанатото време за инкубација и секако крајниот резултат.

Систем за аларм

Аларм за звучна сигнализација при детекција на позитивни резултати.

Температурна калибрација

Посебен приклучок за термометар, за температурно калибрирање.

Без потреба од рутинско одржување