Select Page

Авицена дијагностика учествуваше на првиот Симпозиум на Македонското педијатриско респираторно здружение (МПРЗ) со наслов “Хронична кашлица кај деца и асоцирани болести” во хотел Дрим, Струга кој се одржа од 5-7 мај 2023 година.

На овој настан се промовираше улогата на лабораториските тестови во дијагностика на различни респираторни заболувања, со посебен осврт на 3gAllergy тестот од производителот Siemens Healthineers, како современ и прецизен ин витро алерготест од најновата генерација.