Select Page

По повод Светскиот ден на здравјето на 7 април, Македонското лекарско друштво организираше традиционалната свечена академија во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје.

На сите свои партнери и соработници кои дале значаен придонес во медицината, МЛД им додели највисоки признанија- повелбите „Др. Трифун Пановски”.

Во оваа пригода, Авицена ДОО се здоби со признание за значаен придонес во остварувањето и унапредувањето на целите и задачите на Македонското лекарско друштво.