Опис
• 3gAllergy: најнова, трета генерација алерготестови
• CE, FDA сертифицирани
• Тестирање преку крв – квантитативно одредување на повеќе од 400 алергени
• Можност за комбинација на алергени по сопствен избор (лекови, инхалативни и нутритивни алергени, инсекти и нивни отрови, алергени од животна и работна средина). На следниот линк може да го погледнете целиот избор на алергени.
– детекција на многу ниски нивоа (0.10 kU/L)
– брзи резултати – за 1 час, независно од бројот на алергени
– калибриран согласно WHO 75/502 for human IgE
– одлична прецизност и точност
• Овозможува идентификација, следење и третман на пациентите со алергии
• Одобрени од AAAAI* / EAACI*
Раната и точна дијагноза на секоја алергија е основа за ефикасен третман. Денес, алергиите се прифатени како глобален јавно-здравствен проблем, поврзани со намалена училишна и работна продуктивност. Затоа, стандардот за грижата на пациентите се насочува кон употреба на ин витро дијагностички тестови, кои претставуваат водич за успешна терапија со раната и прецизна детекција на причинителот на самата алергија.
3gAllergy™- Методологија
Течните алергени на Siemens Healthcare Diagnostics се клучни за специфичноста и веродостојноста на 3gAllergy™. Нивната растворливост го зголемува бројот на сврзувачки места, а со тоа и достапноста за алерген-специфични IgE антитела.
Детекција на хемилуминисцентен сигнал => зголемена сензитивност
* American Academy of Allergy Asthma and Immunology
* European Academy of Asthma, Allergy and Clinical Immunology