Опис
INNOVANCE PFA-200 System
НОВИ МОЖНОСТИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА АНТИАГРЕГАЦИОНА ТЕРАПИЈА И ДЕТЕКЦИЈА НА НАРУШЕНА ТРОМБОЦИТНА ФУНКЦИЈА
Во нормалниот процес на коагулација, при лезија на крвен сад, се активираат тромбоцитите. Овие тромбоцити адхерираат на колагенските нишки кои се експонирани од оштетеното ткиво – процес кој е посредуван од von Willebrand фактор протеинот. По активација на тромбоцитите, тие почнуваат да регрутираат и други тромбоцити, за да формираат оклузивен чеп. Овој процес на агрегација е посредуван од фибриноген и посебно, во услови на хемодинамски „high-shear stress” сили, oд von Willebrand фактор. Дефицитарни нивоа на VWF можат да бидат поврзани со прекумерно создавање модринки, крварења и менорагија кај жени. Всушност, von Willebrand-овата болест е најпревалентно нарушување на крварење, кое зафаќа околу 1% од популацијата. Значаен ризик за крварење исто така постои и кај антитромбоцитна терапија, како типичната комбинација на COX-1 инхибитор и блокатор на ADP-рецептор, која се употребува кај многу кардиоваскуларни пациенти, за намалување на ризикот од тромбоза.
Клучни придобивки од Innovance® PFA 200 system
Уникатната технологија на Innovance® PFA 200 системот врши симулација на повреда на крвен сад и тромбоцитна адхезија и агрегација, во ин витро хемодинамски услови, обезбедувајќи едноставна и брза детекција на нарушувања на функцијата на тромбоцитите, како и следење на третманот со антиагрегациона терапија.
Следење на антиагрегациона терапија со ацетил-салицилна киселина
Го одредува статусот на тромбоцитите кај пациенти кои примаат аспирин, со цел да се детектираат оние пациенти кои не реагираат соодветно да дадената терапија.
- Одлична проценка на одговор на пациентот кон аспирин, како и антитромбоцитниот ефект на самиот лек.
- Тестот покажува 95% сензитивност кај индивидуи со нормална тромбоцитна функција по внес на единечна 325мг таблета аспирин.
- Додека другите анализатори ја мерат само инхибицијата на тромбоцитната агрегација, Innovance® PFA-200 системот ја мери способноста на аспиринот да превенира формација на тромбоцитен чеп.
Следење на антиагрегациона терапија со антагонисти на P2Y12 рецептори (Clopidogrel, Prasugrel и др.)
Innovance® PFA P2Y тестот ја детектира блокадата на P2Y12 рецепторите, кај пациенти кои се на терапија со антагонисти на P2Y12 рецептори, мерејќи ја ADP-индуцираната адхезија и агрегација на тромбоцитите. За разлика од другите тестови за инхибитори на блокада на P2Y12 рецептори, Innovance® PFA P2Y тестот обезбедува универзална гранична вредност и инструкции за лесна интерпретација на резултатот.
- Најбрзо време до резултат – помалку од 2 минути
- На резултатите не влијае ингестија на стандардна доза 300 мг аспирин.
- Дава одговор во форма „се`-или-ништо”, и при ниски нивоа на блокада на рецепторите.
- Резултатите се компарабилни со оние направени со ADP-индуцирана агрегометрија.
- Одлична специфичност од 98% во 3.2% цитратен примерок.
- Ефективен за употреба кај здрави лица и кардиоваскуларни болни.
- Јасно разликување меѓу позитивни и негативни резултати.
- Јасно одвојување на „responders” од „non-responders”, базирано на претходно дефинирана и валидирана референтна вредност.
Предоперативен скрининг на ризик од крварења
- PFA системот, може доверливо да ги идентификува пациентите со ризик од крварење поради нарушена тромбоцитна функција.
- Предоперативна детекција на пациенти со нарушена примарна хемостаза.
- Сензитивноста на PFA Collagen/Epi тестот била највисока (90,8%) во споредба со другите тестови за хемостаза.
- Ефективен мониторинг на предхируршка терапија.
Открива пациенти со von Willebrand-ова болест, дури и најчестиот тип 1
- Доволно сензитивен да детектира благи случаи на von Willebrand- ова болест, кои може тешко да се идентификуваат, бидејќи кај овие пациенти, времето на крварење често е во нормални граници.
- Прецизно ги детектира VWF-зависните тромбоцитни дисфункции, под услови на специфични хемодинамски сили, кај возрасни и деца.
- PFA системите се едноставен и практичен пристап за детекција на можна VWD и други пореметувања во крварењa кај жени со менорагија, кои може да му помогнат на гинекологот да одлучи кај кои пациенти е потребна понатамошна евалуација и следење.
Прочитајте подетално на следната брошура.